ЗА НАС
АДРЕСА
бул. Борис Трајковски бр.141
Скопје, индустриска зона Пинтија
ТЕЛЕФОНИ
++ 389 (0)2 2763 888
++ 389 (0)2 2763 999

Пребарајте на нашата веб страна

Друштвото за градежништво производство и трговија Изградба-Комерц Експорт-Импорт Скопје е формирано во 1991 година продолжувајќи го и проширувајќи го работењето на ѕидаро-фасадерскиот дуќан Изградба кој почна со изведба од областа на градежништвото во 1985 година.

Во досегашното работење изведени се многубројни објекти од областа на висока и ниска градба, воглавно на територијата на Републиката како и надвор од неа, Сојузна Република Германија, Република Црна Гора и Република Србија.

За континуирано следење на работите што се изведуваат надвор од Републиката Изградба-Комерц отвори свои претставништва во Оберхаузен - Сојузна Република Германија и во Софија - Народна Република Бугарија.

Друштвото Изградба-Комерц поседува Лиценца A за изведба на градби од прва категорија и Лиценца А за проектирање на градби од прва категорија, издадени од Министерството за транспорт и врски.

Во моментов Изградба-Комерц има 60 вработени лица од кои 4 инжинери архитекти и 2 градежни инжинери со Овластувања А и Б за изведба и проектирање издадени од Комората на овластени архитекти и овластени инженери, градежни техничари, 1 геодетски техничар, возачи, магационери, ракувачи на градежни машини и ВКВ и КВ работници.

Подобрата организација и место на пазарот на компанијата беа основа за имплементирање на системот за управување со квалитет ISO 9001-2000 со кој Изградба-Комерц во месец мај 2007 година се здоби со соодветен Сертификат и истиот е ревидиран во најновата верзија ISO 9001:2015.

Следејќи ја политиката за квалитет како составен дел на системот за управување со квалитет ISO 9001, Компанијата се обврзува да се посвети на зачувување на околината а тоа го постигна со имплементирање на системот за управување со животната средина ISO 14001:2004 во 2012 година и истиот е ревидиран во најновата верзија ISO 14001:2015.

Компанијата посветува големо внимание за вработените и нивната безбедност и здравје при работата а тоа го докажува со имплементирање на системот за безбедност и здравје при работа OHSAS 18001:2007 во 2013 година, сега во нова верзија ISO 45001:2018. Компанијата ги прави сите потребни анализи за опасности на секое работно место редовно следејќи ја законската регулатива на Р. Македонија.

Компанијата има сопствен погон и сопствени машини за изработка на ПВЦ и АЛ столарија, и стручно оспособени лица за изработка и монтажа на столаријата со соодветни Сертификати.

Од 2014 година компанијата ја проширува својата дејност со сопствена сепарација за ископ на песок и чакал во с. Идризово. Во склоп на сепарацијата има рударски опреми (багери, булдужери, камиони и сл). Материјалот кој се произведува поседува Сертификат за сообразност на контрола на фабричко производство согласно Закон за градежни прпизводи на РМ.

На нашиот одбран стручен тим од инженери, техничари и ВКВ и КВ работници од сите фази на градежно - занаетчиски работи во изминатите години на постоење доверба му укажаа многубројни реномирани компании и Министерства во Републиката од кои би ги навеле следните:

    • Стопанска Банка – Велес,
    • Комерцијална Банка – Скопје,
    • ТТК Банка – Скопје,
    • Народна Банка на Република Македонија,
    • Заеднички служби на Влада на Република Македонија,
    • Македонски Телекомуникации,
    • Неуромедика – Скопје,
    • Југохром – Јегуновце (денешен Силмак),
    • ЕСМ на Македонија,
    • Државен Завод за Геодетски работи,
    • Фонд за Здравствено Осигурување на Македонија,
    • IMG,
    • UNICEF,
    • Општина Аеродром,
    • Општина Карпош,
    • Општина Кисела Вода,
    • Општина Центар Министерство за Образование и наука,
    • Министерство за Внатрешни Работи,
    • Министерство за Правда,
    • Министерство за Финансии,
    • Министерство за Здравство,
    • УНДП,
    • Делегација на Европска Унија,
    • Општина Илинден,
    • ЈУ од областа на здравството за потребите на ЈЗУ универзитетски клиники, завод и ургентен центар,
    • Фонд за здравствено осигурување,
    • Национална установа Кинотека,
    • Министерство за одбрана,
    • Управен суд,
    • Македонски железници,
    • ЈЗУ Клиника за кардиологија,
    • Град Скопје,
    • ОБСЕ во Скопје и др

Покрај изведување секаков вид објекти од областа на висока и ниска градба вклучувајќи и внатрешно уредување и опремување на почетокот од 2008 година со работа почна сопствено стовариште со сите видови на градежни материјали и продавница за бои и лакови во индустриска зона Пинтија каде што е сместена и нашата управна зграда.

За успешно завршување на обврските кон Инвеститорите освен раководниот и стручниот тим принесува обемен и разноврсен возен парк.Според потребите на стовариштето и законската регулатива за вршење превоз Компанијата се здоби со Лиценца за вршење јавен превоз во внатрешниот патен сообраќај - превоз на стоки за сопствени потреби и превоз на лица за сопствени потреби.

За квалитетно и навремено завршување на работите Изградба-Комерц има на располагање современа техничка опрема и тоа:

ГРАДЕЖНИ МАШИНИ, ОПРЕМА И АЛАТ:

    • ВАЉАЦИ
    • КОМПРЕСОРИ
    • УНИВЕРЗАЛНИ ГРАДЕЖНИ МАШИНИ
    • БАГЕРИ
    • МИНИ БАГЕРИ
    • БУЛДОЖЕРИ
    • УТОВАРНИ ЛОПАТИ
    • СЕПАРАЦИЈА
    • МАШИНИ ЗА НАБИВАЊЕ - ВИБРОЖAБИ И ВИБРОПЛОЧИ
    • ФАСАДНО СКЕЛЕ
    • ПОДУПИРАЧИ
    • ДИГАЛКА - ЛИФТ
    • ГЕНЕРАТОР
    • АЛАТ ЗА ИЗВЕДБА НА ГРАДЕЖНО-ЗАНАЕТЧИСКИ РАБОТИ
    • РАБОТИЛНИЦА ЗА РАЧНА ПРИПРЕМА НА АРМАТУРА
    • РАБОТИЛНИЦА ЗА ИЗРАБОКА НА ПВЦ И АЛ.СТОЛАРИЈА

ВОЗЕН ПАРК:

    • КАМИОНИ КИПЕРИ
    • КАМИОНИ СО ДИГАЛКА
    • КАМИОНИ
    • КОМБИЊА
    • АВТОМОБИЛИ

 LOGO

ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ
 ИЗВЕДБА И ПРОЕКТИРАЊЕ
ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ
БОИ И ЛАКОВИ
 СЕПАРАЦИЈА
ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ
СЕПАРАЦИЈА
 ПРОДАЖБА
ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ
ПВЦ СТОЛАРИЈА
 РЕФЕРЕНТНА ЛИСТА
ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ
Контакт информации

IZGRADBA BANER WEB

   
бул. Борис Трајковски бр.141
Скопје, индустриска зона Пинтија
++ 389 (0)2 2763 888
++ 389 (0)2 2763 999
office@izgradba-komerc.com.mk
Локација